вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 116
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Скопје

Хуманитарна помош од Таеквондо Клуб Бутел за семејства во социјален ризик (ФОТО)

Хуманитарна помош од Таеквондо Клуб Бутел за семејства во социјален ризик (ФОТО)

Денеска Таеквондо Клуб Бутел посети седум семејства од социјален ризик.Некои од нив дополнително беа и повеќедетни семејства со самохрани родители.

-Oднесовме  брашно, грав, леќа, ориз, прашок, макарони, шпагети, средства за хигиена, пијалоци, благи за најмалите, конзерви месо и други намирници, за кои се надеваме дека добро ќе им дојдат во овие тешки времиња на криза. Се сретнавме со храбри погледи на мали дечиња кои што растат во тешки услови, човек останува без текст и со насолзени очи. Вреди да се бориш за доброто на твојот народ, нема поголема милост од тоа да затоплиш тажен човек со добар разговор и малку внимание, но треба многу повеќе од тоа, објави тренерот Дарко Костовски.

-Хуманата работа на ТКД Бутел која е веќе традиција скоро никогаш јавно не ја покажуваме, овој пат сакаме да потикнеме и други клубови, лица, фирми и слично да се приклучат сега кога е најпотребно за нашиот народ. Да бидеме солидарни е потреба, да бидеме хумани е должност-порача тој.

Парламентарни избори 2020