сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 27
home Скопје

Хулигани продолжуваат да палат контејнери во Скопје: Ќе се удавиме во сопственото ѓубре поради несовесност на сограѓаните (ВИДЕО)

Хулигани продолжуваат да палат контејнери во Скопје: Ќе се удавиме во сопственото ѓубре поради несовесност на сограѓаните (ВИДЕО)

Утринава повторно се опожарени два контејнера. овој пат хулиганите палеле на на ул.„Никола Карев“, во близина на Железничката станица.

Во текот на првите десет месеци од 2019-та година од страна на непознати сторители се опожарени над сто садови наменети за одлагање на комуналниот отпад во градот Скопје.

Само во првите седум дена од месецот  ноември изгореле десет контејнери на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

-Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. Со ваквите инциденти на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје му е нанесена финансиска штета во висина од  1, 5 милиони денари. Палењето на контејнерите предизвикува големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и одржувањето на хигиената во градот. Да престане вандализмот и уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, порачуваат од јавното претпријатие.

Ваквото несовесно однесување на нашите сограѓани е во најмала рака срамно. Ќе се удавиме во сопственото ѓубре поради нивните чекори!

Коронавирус