четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 197
home Скопје

Храм Св. архангел Михаил: До кога ќе бидеме заложници – Улични кучиња ги убиваат животните во дворот на храмот (ФОТО)

Храм Св. архангел Михаил: До кога ќе бидеме заложници – Улични кучиња ги убиваат животните во дворот на храмот (ФОТО)
фејсбук: Храм Свети архангел Михаил-Автокоманда

Храмот „Свети архангел Михаил“ лоциран во скопската населба Автокоманда, меѓу другото познат е кај верниците по својот прекрасен, чист двор каде има поголем број на животни.

Убавината на храмот дополнително беше збогатена со зајачиња, шатки, пауни, гулаби, коковчиња и други животинчиња во дворот.

Минатата година преку социјалните мрежи од храмот апелираа уличните кучиња да се дислоцираат бидејќи ги убиваат животните. Тогаш убиен од кучињата беше препознатливиот бел паун Белан.

Од храмот сега повторно апелираат надлежните нешто да преземат и прашуваат до кога ќе бидат заложници на уличните кучиња.

-Ова не е глад ова е нагон за убивање ве молиме секој кој сака нека сподели па можеби надлежните ќе ,,видат” и КОНЕЧНО нешто ќе превземат. Ова нема смисла, до кога ќе бидеме заложници на уличните кучиња. Ова е веќе премногу. Целта на објавата (како и на неколкуте претходно) е да се потикнат надлежните служби да си ја вршат работата за кои се задолжени, велат од храмот.

Коронавирус