четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Хортикултурно уредување на дел од зеленилото во Градски Парк

Хортикултурно уредување на дел од зеленилото во Градски Парк

 Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на хортикултурно уредување на дел од зеленилото во Градски Парк. Во облик на алпинетум е уреден просторот спроти Хотел Канет и езерцето кај Стадионот со површина од 4.400 м², со околу стотина зимзелени садници, мини четинари, украсни грмушки и перени.

Се предвидува да се засадат околу 250  парчиња сезонски цветен расад во повеќе бои, каде колоритно ќе се оплемени зеленилото, а на тревната површина веќе е поставена нова хидрантска мрежа од 700 метри, а заменети се и оштетените прскалки и инсталирани се нови за наводнување на зеленилото.

парк 2

Ова е втората фаза од активностите за уредување на јавните зелени површини. Освен извршената реконструкција на тревната површина на овој дел, се уредува и делот спроти паркингот, пред Фонтаната „Лотосов цвет“, со површина од 1.900 м².

Како дел од програмата за работа предвидена во делот на реконструкција на зелени површини за јавна употреба, етапно се зазеленуваат парковски површини, блоковско зеленило, како и делови на булеварско зеленило.