недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 23
home Скопје

ГРАЃАНИТЕ ПОБЕДИЈА: Центарот за зависници нема да се смести во Општина Гази Баба

ГРАЃАНИТЕ ПОБЕДИЈА: Центарот за зависници нема да се смести во Општина Гази Баба

Граѓаните победија! Центарот за зависници нема да се смести во Општина Гази Баба, информираат од граѓанската иницијатива „Наша Гази Баба“.

-Жално е што Градоначалникот Борче Георгиевски не најде време да не прими како граѓани и да разговара со нас. Благодарност до сите граѓани кои протестираа и покажаа отпор кон намерата на Владата и Општината. Граѓанскиот отпор е непобедлив!, стои на Фејсбук страницата „Наша Гази Баба“.

Жителите на Гази Баба два пати досега го кренаа својот глас и протестираа против оваа одлука.

Тие не се согласуваа Центарот да биде префрлен во мензата на фабриката МЗТ како што одлучија здравствените власти.  Учесниците на протестот побараа и оставка од градоначалникот.

Минатата среда се одржа вториот протест пред фабриката „Металски завод- Тито“ каде се планираше да се префрли Центарот за зависници од дрога од Кисела Вода во Гази Баба.

По првиот граѓански протест и советниците од ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба застанаа „во одбрана“ на граѓаните и бараа одговори, како што рекоа, за самоволието на градоначалникот Борче Георгиевски.

Сега останува отворено прашањето- Каде ќе се дислоцира Центарот за зависници?