четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Скопје

Граѓаните обвинуваат, Шилегов се правда за „Орце“: Кривично дело е ако ги оставевме дрвата неисечени

Граѓаните обвинуваат, Шилегов се правда за „Орце“: Кривично дело е ако ги оставевме дрвата неисечени

Дрворедот на „Орце Николов“ има 178 дрва. Исечени беа поради оштетувања, бидејќи ние имаме решенија, од 2019 и 2020 година. Отстранети се 8, треба да се отстранат уште 5, значи вкупно 13 дрва, изјави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов за сечењето на дрвата на улицата „Орце Николов“ во Центар, за кое имаше остри реакции од јавноста.

Според него, тоа е единствениот начин за да се одржи во живот дрворедот.

-Ако ги оставевме, на првиот ветер ќе паднеа врз нечиј автомобил или не дај боже човек. Тогаш е кривично дело да знаеш дека има решение за сечење, а да не го исечеш, посочи Шилегов.

Граѓаните обвинуваат дека безмилосно се исечени и здрави стебла, со што е соголена улицата.

Коронавирус