четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 97
home Скопје

Граѓани на Шуто Оризари со реакции по најавата за Ромскиот Бал: Дудуш си организира балови со народни пари, а општината нема елементарни услови за живот

Граѓани на Шуто Оризари со реакции по најавата за Ромскиот Бал: Дудуш си организира балови со народни пари, а општината нема елементарни услови за живот

По најавата за Ромскиот Бал во организација на општина Шуто Оризари, граѓани на оваа општина со бурни реакции. Велат, додека градоначалникот Курто Дудуш си организира балови со народни пари, општината се уште нема пристојна инфраструктура, улици, патишта, економски развој и слично.

-Сакаме да го искажеме нашето незадоволство од актуелниот градоначалник Курто Дудуш- Куцо. За време на изборите доаѓаше тука секој ден и ветуваше дека ќе ни изгради улица, ќе имаме асфалт, нема да газиме по кал, ќе имаме канализација. Не знаеме дали има друг градоначалник на кој приоритет му е организирање на балови кога неговите сограѓани живеат во мрак, кал, студ и немаат елементарни услови за пристоен живот, велат револтирани граѓани на општина Шуто Оризари во реакцијата кои ја испратија до КУРИР.

Инаку, на официјалната интернет страница на општина Шуто Оризари стои известување дека на 12 јануари 2019 година со почеток од 19:оо часот, во ВИП Арена на СЦ „Борис Трајковски”, ќе организира традиционалната манифестација „Ромски Бал”.

-Ромскиот Бал е манифестација за одбележување на Ромскиот Василичарски Празник преку дружење, ромска музика, песни и ора. Оваа година, општина Ш. Оризари „Ромскиот Бал” го посветува на младите бидејќи во нив лежи потенцијалот за развој и просперитет на оваа општина, се вели во најавата.

Жители на општината Шуто Оризари го повикуваат градоначалникот, наместо балот, тие и нивните проблеми да му бидат приоритет.

Коронавирус