недела, 22. мај 2022. Вести денес: 97
home Скопје

Градот Скопје иницира предлог- закон за заштита на Водно

Градот Скопје иницира предлог- закон за заштита на Водно

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со претставници на граѓанските здруженија „Го сакам Водно“ и на „Иницијативата O2“, на којашто разговараа за фазата на реализација на иницијативата за предлог- законот за заштита на Водно.

Градоначалничката Арсовска посочи дека Водно и Скопје се неразделно поврзани, a со насилната и нелегална урбанизација се загрозува овој зелен штит на градот и не треба да се дозволи узурпација на овој значаен дел од Скопје.

„Се обврзавме на заштита на Водно, со обезбедување дополнителен степен на законски регулирана заштита во интерес на Скопје и скопјани. Започнавме со креирање предлог решение за законски обезбедување заштита на Водно, со што инициравме Закон за заштита на Водно.“, посочи градоначалничката Арсовска на денешната средба.

Заедно со граѓанските организации Град Скопје започна постапка и во својата програма за 2022 година издвои средства за изработка на Просторен план за Водно. Градот Скопје се заложува за системско решение за Водно и со иницирањето на овој предлог-закон, кој ќе биде поднесен до Собранието, конечно правно ќе се регулира заштитата на Водно, информираат од градот.

Коронавирус