среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Скопје

Градот нема да им исплати штета на сопствениците на оштетените автомобили

Градот нема да им исплати штета на сопствениците на оштетените автомобили

Сопствениците на оштетените автомобили нема да добијат оштета од градот по невремето кое ги бутна дрвјата и ги столчи нивните автомобили, објави телевизија Телма.

Искршени ветробрански стакла, каросериски штети, а некои од оштетните автомобили ќе завршат и на буниште.   Ветерот дувал со брзина над 80 километри на час, и не може да биде исплатена штета, велат од кризниот штаб на Град Скопје формиран по бурата.

„Луцијан“ е името на бурата која во Македонија навлезе од север, ги корнеше и деценските дрвја. Булеварите останаа блокоирани, сообраќајот пренасочен, а дрвјата се сечаа со моторни пили.

Крововите го издржаа ветерот, освен неколку на постарите станбени згради. Најсериозна опасност предизика уривањето на заштитната ограда на трговскито центар „Беко“ којшто се урива, но во тој момент немало работници и механизација.