четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 179
home Скопје

Градоначалникот на Општина Бутел ги заборави младите

Градоначалникот на Општина Бутел ги заборави младите

Колумна на Никола Стојковски:

Живеам и пораснав во Бутел. Тука го завршив моето основно и средно образование. Секојдевно се движам и шетам низ бутелските улици и сум во комуникација со многу млади од нашата општина. Поразително е фактот што владее едно мислење кај сите а тоа е дека во Бутел нема живот за младите!

Нема ни иднина ни сегашност. Поразително е што мораме да одиме по други скопски општини за да прошетаме на плошад, парк, да имаат младите можности квалитетно и исполнето да го поминат своето слободно време. Фалат многу работи. Требаше да биде живот за сите, фокус на младите, иднина за сите во Бутел, а се претвори во сосема спротивна слика.

Нашата општина повеќе наликува на некое преградие од Бејрут него ли на урбана општина во главниот град на Република Македонија. Младиот човек во Бутел е најнебезбеден во цело Скопје. Не може ни слободно да се движи по улиците затоа што се плаши за својата безбедност. Сведоци сме сите ние на многуте инциденти кои беа во измнатите три четри години каде што наши сограѓани, другари, роднини настрадаа во немили настани.

Веројатно најлесно е да изманипулираш млади луѓе кои сакаат подобра иднина и поквалитетен живот. Па така голем број од нашите пријатели подлегнаа на лажните манипулации на градоначалникот Велимир Смилевски кои борејќи се за гадоначалничкото место грубо ги излажа младите. Безброј ветувања, безброј манипулации, безброј лаги слушаше младиот човек. Нови плоштади, нови гралишта. Се ветуваше и нов спортски центар на кој веќе требаше да се спортува и да биде ново катче за младиот човек. Но не само што нема ништо туку и веќе постоечките игралишта неспособната локална администрација на чело со градоначалникот не е способна да ги одржува. Ветуваа многу за напредок и поддршка на младите но сето тоа беше само една добра предизборна манипулација.

Го нема ни бизнис инкубаторот за старт ап бизниси кои на невроботените млади луѓе ќе им овозможеше започниување на свој бизнис. Секако ги нема ни ветените стипендии, нема ни поддршка на невладиниот сектор. Нема никаква поддршка на младински проекти ниту на младинските политики. Нефункционален е и младинскиот совет кој постоеше во минатиот период и требаше да им овозможи на младите без разлика на политичката, верската, националната определеност да дискутираат за своите проблеми.

Едноставно е градоначалникот Велимир Смилевски нема слух за младиот човек во општина Бутел! Од општина која требаше да биде сервис за младите и да им помогне во своите потреби општината прерасна во сервис за лично богатење на градоначалникот и вработување на партиска војска која ќе ги задоволува и исполнува барањата на градоначаникот. За еден градоначалник кој најавуваше дека младите ќе се во фокусот и негов приоритет сега се наоѓаат на последно место заборавени дека воопшто постојат и имаат било какви потреби. И ова се само дел од проектите кои требаше да донесат живот за младите во Бутел.

Да не говориме за многуте капитални проекти кои воошто не се ни започнати а камо ли да се реализираат. Ја нема ни поликлиниката која веќе секој месец ја најавува градоначалникот а нема ни гасификација и водовод во одредени населени места. Младиот човек во општина Бутел дефинитивно заслужува човек кој ќе ги разбере нивните потреби, човек и администрација кои ќе бидат вистински сервис за младите и поддршка во остварување на потребите.

Младиот човек заслужува иднина во општина Бутел! Младите се за достоен, урбан Бутел!

Коронавирус