понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 135
home Скопје

Градоначалникот на Ѓорче Петров ќе плати 13 илјади евра за набавка на верски календари и роковници со вештачка кожа

Градоначалникот на Ѓорче Петров ќе плати 13 илјади евра за набавка на верски календари и роковници со вештачка кожа

За роковници со тврда корица, вештачка кожа и ластик, ѕидни календари со логото на општината, но и со верски обележја, општината Ѓорче Петров ќе потроши 800.000 денари или 13 илјади евра. Градоначалникот Александар Наумовски го распишал овој тендер, евидентиран како стоки за новогодишна репрезентација. Освен овие продукти, фирмата која ќе го добие овој тендер ќе треба да изработи и печатење на папки и пенкала.

Критериумот за избирање на фирма која ќе ги изработи овие „неопходни“ материјали ќе биде по принципот најниска цена. Времето за изработка е два месеци, а пак аукцијата е два месеци. Пред една недела, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Ѓорче Петров обвини дека градоначалникот Наумовски ќе потроши над 2 милиони денари за 20 нови партиски вработувања. Тој посочи дека со оваа анти-реформа администрацијата во општина Ѓорче Петров ќе се искачи до 84 вработени.

Извор: skopje1.mk

Коронавирус