понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 109
home Скопје

Градоначалникот на Гази Баба на ФБ се фали дека сработил, но состојбата на терен го демантира

Градоначалникот на Гази Баба на ФБ се фали дека сработил, но состојбата на терен го демантира

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски вечерва на социјалните мрежи се пофали за „сработеното“ по силното невреме кое денеска ги зафати скопското подрачје, но фактичката состојба на терен од вечерва покажува дека не се расчистени ниту дрвата кои претходно самиот Георгиевски ги фотографирал за да покаже дека се работело.

-Ситуацијата на терен по невремето во општина Гази Баба е стабилна. Невремето предизвика штети во повеќе населени места со оштетување на дрвата. Екипите на ЈКП Гази Баба и градот Скопје веќе на терен ги отстрануваат паднатите дрва, а превентивно се отстрануваат и дрвата кои се оштетени од невремето, напиша Георгиевски.

Сепак, самите фотографии од вечерва покажуваат дека ваквите тврдења на Георгиевски се ништо друго, туку само популизам од страна на градоначалникот.