недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 84
home Скопје

Градоначалникот на Гази Баба кон активистка на О2: „Затворете ја веќе устата“!

Градоначалникот на Гази Баба кон активистка на О2: „Затворете ја веќе устата“!

„Затворете ја веќе устата” – градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски на претставничката на граѓанската О2 иницијатива додека трае дебатата во општината во која невладините, граѓански организации бараат повлекување на огласот со кој во период од 99 години ќе биде дадено земјиштето на користење за тешка индустрија.

Од иницијативата О2 вака го оценуваат ова недолично однесување:

„Ваква ароганција, агресија и подсмевање во комуникацијата со граѓаните, особено кон жени, во повеќе годишната активност во борбата за животна средина, до сега не сме посведочиле.

Да, во негово име неколку пати се извини една од советничките. Можеме да замислиме како се носат одлуките во општината, дали сите мора да ги држат устите затворени? И тоа баш во истиот период кога неговиот шеф, ги отвори 16 дена против насилството врз жените„.

Коронавирус