среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 179
home Скопје

Градоначалникот на Бутел демантира дека има телохранител и дека е поврзан со инцидентот

Градоначалникот на Бутел демантира дека има телохранител и дека е поврзан со инцидентот

Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски бара да се демантира веста објавена на медиумите дека „Телохранителот на градоначалникот на Бутел до бессознание претeпaл вработен во Општината“.

Демантот го објавуваме во целост:

Согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, Градоначалникот на Општина Бутел бара од редакциите на сите портали кои објавиле вест со наводна неговата поврзаност за инцидентот кој се случил на ден 05.11.2019 година пред Општина Бутел каде што се наведува дека ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ ДО БЕССОЗНАНИЕ ПРЕТEПAЛ ВРАБОТЕН ВО ОПШТИНАТАјавно да се извинат и да ја демантираат оваа вест.

Градоначалникот на Општина Бутел категорично и целосно ја отфрла содржината на насловот и прилогот како невистинити, односно лажни и тенденциозен, се со цел да се оцрни и доведе во негативна конотација неговата углед и чест како Градоначалник на Општина Бутел но и како личност.

Градоначникот ниту има свој телохранител, ниту има свој личен возач како што во објавената лажна вест се потенцира и се создава лажна слика пред јавноста, ниту пак има било каква поврзаност со случениот настан.

Барам од сите портали кои ја имаат објавено или превземено оваа лажна вест веднаш да го повлечат тексот и содржината наслов и јавно да се извините преку објава на нивниот портал.

Доколку не биде извршена објава на демант и не биде објавено јавното извинување, ќе бидат превземени сите правни механизми и иницирани соодветни судски постапки за зачувување на интегритетот на Градоначалникот на Општина Бутел.