четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Скопје

Градоначалникот на Аеродром Златко Марин купува службен мобилен телефон од 1600 евра (ФОТО)

Градоначалникот на Аеродром Златко Марин купува службен мобилен телефон од 1600 евра (ФОТО)

Градоначалникот на скопската општина Аеродром од редовите на СДСМ си потпишал решение со кое му се дозволува за себе да набави службен мобилен телефон во цена во висина до 100 илјади денари.

Колку е фантастична оваа сума од 1600 евра или 4 просечни македонски плати покажува мала проверка на цените на мобилните телефони во економските оператори каде за десет пати помала сум може да се купи сосема пристоен смарт телефон кој е доволен да се врши било која вклучително и градоначалничката функција.

За 100 илјади денари или над 1600 евра колку што за себе си потпишал Златко Марин тој можел да купи “ѕвер” каков што купуваат светските поп ѕвезди па дури и да е со благи камења.

Посебно спорно во набавката е што општина Аеродром како и сите други општини и институвии има склучен договор со економски оператор за броеви за мобилна телефонија со која доаѓа и одредена сума која може да се потроши за добивање бесплатни мобилни апарати.

Слично е и со секретарот на општината и претседателот на Советот на општината кои добиле превисоки суми за набавка на телефони во ситуација кога цела држава се соочува со невидена криза а десетици илјади луѓе, многу од нив и од Аеродром, останаа без работа или без плата.

Одлуката за набавка на прескапите телефони е потпишан пред десетина дена.

Коронавирус