сабота, 14. мај 2022. Вести денес: 0
home Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.

На средбата, на амбасадорот му беа презентирани стратешките планови и приоритетни проекти, со посебен акцент врз потенцијалите со кои располага Општина Кисела Вода.

Заеднички се дискутираше околу сферите каде е можна подддршка за реализација на покрупни проекти од интерес на граѓаните.

Посебен акцент се стави врз образовниот процес и инвестициите на полето на културата. Градоначалникот Ѓорѓиевски го информираше амбасадорот дека во ООУ „Кирил Пејчиновиќ” факултативно се изучува италијанскиот јазик, а потоа разговараа околу обезбедувањето на ваква можност и за учениците од другите основни училишта во Кисела Вода.

Градењето на блиски релации преку зајакнување на соработката е од голема важност, на крајот од средбата, потенцираа соговорниците.

Коронавирус