вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 79
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Скопје

Град Скопје во служба на граѓаните: Еве на кој начин 24 часа во денот да пријавите ако имате проблем

Град Скопје во служба на граѓаните: Еве на кој начин 24 часа во денот да пријавите ако имате проблем

Град Скопје од денеска ја става во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] како чекор кон транспарентно управување за Скопје 24 часа во служба на граѓаните.

Од Градот информираат дека на оваа електронска адреса граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација ќе биде задолжена да одговори на барањата на граѓаните.

-Во моментов се вршат последните подготовки за ставање во функција и на Канцеларија за комуникација со граѓаните која ќе биде отворена 24 часа за нивните потреби, а целиот процес ќе се одвива етапно во следните три недели.

Град Скопје ќе се трансформира во град со целосно дигитализирана администрација, а јавните услуги ќе бидат брзи, ефикасни и транспарентни, се наведува во соопштението.

Коронавирус