среда, 18. септември 2019. Вести денес: 74
home Скопје

Град Скопје: Во четврток и петок прскање против комарци

Град Скопје: Во четврток и петок прскање против комарци

Градот Скопје информира дека на 05.09.2019 година (четврток) и 06.09.2019 (петок) во раните утрински часови ќе се изврши петтата фаза од авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на подрачјето на градот Скопје.

-Петтата фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје ќе почне на 10.09.2019 година и ќе заврши најдоцна до 14.09.2019 година (од вторник до сабота), во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, информираат од Градот.

Пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.