недела, 15. јули 2018. Вести денес: 66
home Скопје

Град Скопје: Прскањето против комарци се реализира на терен

Град Скопје: Прскањето против комарци се реализира на терен

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на оваа недела согласно Програмата за дезинсекција на подрачјето на град Скопје се извршува прскањето против комарци.

Вчера беше завршена терестричната дезинсекција која се спроведуваше изминатата недела на територијата на градот Скопје.

-Воедно Ве информираме дека во раните утрински часови беше извршена првата авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, а истата ќе продолжи во раните утрински часови (сабота кон недела) доколку се погодни временските услови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Ги потсетуваме пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, информираат од Градот.