четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 135
home Скопје

Град Скопје призна дека е објавено погрешно видео

Град Скопје призна дека е објавено погрешно видео

По написот на Курир дека градските власти со старо видео сакаат да докажат дека утрово се прскало во Скопје, од Град Скопје преку соопштение се извинија за грешката.

„Ја увидовме грешката што ни ја посочија дел од вашите колеги новинари, односно сме објавиле видео за почетокот на третото прскање против комарци со авион, а кое што е од почетокот на минатиот месец, односно од второто прскање. Очекуваме ново видео за прскањето против комарци кое ќе се направи утре, и истото ќе ви го доставиме. Закажаното полетување на авионите е во 05 часот на спортскиот аеродром Стенковец. Ве покануваме да дојдете и да присуствувате на подготовката и нивното полетување“, се наведува во извинувањето од Град Скопје.