петок, 23. јули 2021. Вести денес: 10
home Скопје

Град Скопје ќе прска против комарци

Град Скопје ќе прска против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 20.06.2021 година ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 21.06.2021 година терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци, односно:

1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 20.06.2021 (недела) и 21.06.2021 (понеделник), во раните утрински часови.

2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 21.06.2021 (понеделник) до 25.06.2021 (петок), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Коронавирус