понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 60
home Скопје

Град Скопје го објави тендерот: За новогодишно украсување ќе се платат 200.000 евра!

Град Скопје го објави тендерот: За новогодишно украсување ќе се платат 200.000 евра!

Град Скопје денеска го објави тендерот за новогодишно украсување на улиците, булеварите и плоштадите низ градот. Проценетата вредност на договорот е 200.000 евра без ДДВ.

„Декорирањето и украсувањето за време на новогодишните празници треба да е на високо естетско ниво, во духот на модерното време на живеење, со современ и атрактивен дизајн, уметнички и ликовни ефекти“, стои во тендерската документација објавена на сајтот на Бирото за јавни набавки.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека градот кон почетокот на декември ќе биди украсен, а дали ќе има новогодишен пречек и дали ќе се одржи манифестација „Винтерленд“, ќе зависи од епидемиолошката слика односно од состојба со коронавирусот.

Лани новогодишното украсување на Скопје чинеше 260.000 евра. На новогодишната прослава на Плоштадот Македонија пееше босанскиот пејач Дино Мерлин. Настапот на Мерлин, како што кажа лани Шилегов, бил платен од спонзорства, пишува СДК.МК.

Коронавирус