сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 132
МЕГА БОМБА

Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“

home Скопје

Град Скопје до општина Сарај: Да се постапи согласно законските надлежности кога се дивоградбите во прашање

Град Скопје до општина Сарај: Да се постапи согласно законските надлежности кога се дивоградбите во прашање

Градот Скопје реагира на прес-конференцијата на градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети.

– Градот Скопје ја охрабрува општината Сарај да постапи согласно со своите законски надлежности кога се дивоградбите во прашање. Впрочем, нема поголем интерес ниту за граѓаните на Скопје, ниту за граѓаните на Сарај од владеењето на правото, еднаквостa пред законите и целосното функционирање на институциите, изјави денеска портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Салиху додаде дека изминатава година Градот Скопје заедно со УНДП и МЖСПП изработуваа законски модели со кои ќе се заштити Матка и во еколошка и во економска смисла.

– Ова решение ќе овозможи заштитата на Матка и нејзиното управување да не зависи од градоначалникот на Скопје или од градоначалникот на Сарај, туку од почитувањето на законот. Матка е непроценлив потенцијал за целиот град, а особено за локалното население на Сарај, нагласи денеска Салиху.

Инаку претходно, градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, истакна дека нема да ги урива трите платформи на Матка, но ќе ги одбие барањата за нивна легализација.

Парламентарни избори 2020