вторник, 21. август 2018. Вести денес: 122
home Скопје

Голем број пијани возачи вчера вечер во Скопје

Голем број пијани возачи вчера вечер во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје од 22 часот синоќа до пет утрово спроведе контрола врз 304 возачи од кои алкотестирани биле 197. Кај 43 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното.

Како што соопшти МВР, констатирани се и други 48 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи најавува дека ќе продолжи со вакви акции, особено на територијата на Скопје.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата, стои во соопштението на МВР.