сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 53
home Скопје

„ГО САКАМ ВОДНО“: Никнуваат вили во селски атари и на земјиште кои мистично станува приватна сопственост

„ГО САКАМ ВОДНО“: Никнуваат вили во селски атари и на земјиште кои мистично станува приватна сопственост

Времето минува, специјален закон за Водно не се ни разгледува. Си тече процедура на носење си некакви акти со кои ќе се намалат заштитните граници и ќе се овозможи градба каде досега не можело, пишуваат на својата страница на Фејсбук од организацијата „Го сакам Водно“.

Во меѓувреме, велат активистите, никнуваат вили во селски атари и на земјиште кое мистично станува приватна сопственост во шумите на Водно.

-А, богами и ЈП Пасишта се ангажирале да наоѓаат одгледувачи на пчели , па дека голем недостиг на мед, 5.000 квадрати ги даваат на 10-годишно користење во делови каде границата на заштита ќе се менува. Дека ЈП Пасишта знаат дека со овци си имаат работа… Ете, толку можел законот за природата да (не)заштити, се вели во реакцијата на „Го сакам Водно“, со која заедно се објавени и фотографии.

Активистите упатуваат прашање до Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ – дали е ова нивна ингеренција, или повторно не се знае кој има надлежности.

Коронавирус