недела, 5. декември 2021. Вести денес: 107
home Скопје

Го прашаа Бени кого сака да види како градоначалник на Скопје: „Петре Шилегов сигурно НЕ“!

Го прашаа Бени кого сака да види како градоначалник на Скопје: „Петре Шилегов сигурно НЕ“!

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од движењето Одлучно за промени, Бени Шаќири, вели дека е задоволен со резултатите од денешните избори, зошто покажаа дека во црно-белиот политички свет има шаренило.

На прашањето за кого на своите гласачи ќе им посочи да гласаат во вториот круг, Шаќири вели дека нема намера на никого да му кажува за кого треба да гласа.

-Граѓаните се доволно паметни и свесни за кого треба да го дадат својот глас, мислам дека е дегутантно јас да им кажувам што треба да прават, рече тој во вклучувањето на „Сител“.

На прашањето кого Бени сака да го види во градоначалничката фотеља, тој одлучно одговори:

„Петре Шилегов сигурно не“!

Коронавирус