вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 82
home Скопје

Ѓорѓиевски: Во моето менаџирање со општината сакам да оставам трага за народот да памети

Ѓорѓиевски: Во моето менаџирање со општината сакам да оставам трага за народот да памети

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, утрово беше гостин во емисијата ,,Добро утро, секое утро” која се емитува на телевизија Алфа.

Говореше за најактуелните теми кои директно ги засегаат жителите на општината, за она што до сега е реализирано но и она што во иднина ќе се реализира а е дел од неговата програма, неговата цел за време на менаџирањето на општината како и по некое прашање од неговиот приватен живот.

– Еден од моите најголеми мотиви поради кои влегов во трката, а и станав градоначалник на Кисела Вода е токму тоа да обезбедам подобри услови за живот не само за моето, туку и за сите останати дечиња во општината. Мојот син има четири години и откако се роди јас практично констатирав дека ние немаме ниту едно детско катче нормално какво што треба, дека моите пријатели, соседи, јас, луѓето кои ги познавам и сите останати жители палиме кола да отидеме во некоја соседна општина или некаде надвор од Скопје за да може детето за викенд да биде дете. Тоа за мене е апсолутен апсурд и сум човек кој што политиката не ја гледа како она стандардно гледање на политиката, туку на начин на кој што треба д оставам трага и сметам дека ова ми е шанса и од Бога дадена, за да можам да оставам траг од моето администратирање со општината, односно народот по нешто да ме памети. Има многу што да менуваме во Кисела Вода има народот по што да не памети, јас имам и сериозен тим позади мене бидејќи сам човек не може да функционира. Јас ќе дадам се од себе за сите деца во Кисела Вода да имаат достоинствено детство. – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски понатаму зборуваше за останатите мерки кои етапно се решаваат, односно проектите од програмата за кои се обврзал пред граѓаните.
Како што рече, она што најмногу им сметало на граѓаните и нему лично, е недоволната транспарентност на општината што е апсурдно за едно функционирање на системот во 21-от век.

Ѓорѓиевски кажа дека сега целосно е променето тоа, дека сега во моментов има отворена и транспарентна општина за сите и дека од 11 до 12 часот граѓаните имаат можност да остварат средба со него, а во останатиот период ги прима секретарот на општината, шефот на кабинет итн.

– Отворена и транспарентна значи она што го направивме пред некој ден и медиумите беа сведоци, а тоа е вадењето јавно на сите детални урбанистички планови, каде што јавно кажуваме дека плановите во иднина кои во минатото се носени на разно разни начини но најмалку транспарентно и се носени во интерес на поединците. Сега се менува тој концепт и се носат во интерес на граѓаните. Практично, со вадењето јавно на ДУП-овите оставаме на граѓаните сами да ја креираат во која што ќе живеат, а не тоа да го прави некој од градежната мафија како што го правеле во минатото или некој за да си ги задоволи своите лични интереси. – кажа Ѓорѓиевски.

Тој потенцира дека покрај новиот начин на водење транспарентна општина, говореше и за реализацијата на проектите, односно реализација на паркинг места, за распишувањето на тендер за изработка за идејно сообраќајно решение, сериозна фирма која ќе се избере на тендерска постапка која ќе направи анализа на состојбите во Кисела Вода и ќе предложи проект според кој понатаму ќе се постапи кон решавање на сообраќајниот хаос.

Ѓорѓиевски зборуваше и за инвестициите во спортот и изградбата на три спортски комплекси во Кисела Вода кои беа дел од ветувањата во неговата програма.

– Во минатото имало состојби каде што се инвестирало само во еден клуб а на сметка на тоа пропаѓале три други. Јас додека сум градоначалник нема да дозволам да пропадне спортски клуб или некој да пропаѓа на сметка друг да се развива. Тука нема да дозволам ниту политика да се вмеша ниту било кој да влијае. Сите клубови подеднакво ќе добијат помош, а тоа е до крајот на февруари за реализација, спортските клубови во Кисела Вода да добијат финансиска помош.
Кога сме кај спортските комплекси, конечно си ја вративме салата ,,Расадник” во сопственост на општината и прв проект кој планираме да го реализираме по пат на јавно приватно партнерство, е да прерасне во сериозен и модерен спортски комплекс со затворен пливачки базен, нешто што го нема во Скопје, настрана од Борис Трајковски. Исто така, од оваа пролет ќе почнеме со Пржино, реконструкција односно изградба на спортски комплекс Славија, место на кое што во минатото многумина се спремаа да градат згради – јас нема да дозволам и ќе останам доследен на тоа што сум го ветил пред моите сограѓани. Таму исто така ќе има спортски комплекс но поради висината и ружата на ветрови да не биде спречена за долниот дел, таму нема да биде од затворен тип туку отворен, и уште еден комплекс во Драчево во месноста Дупки. – рече Ѓорѓиевски.

Коронавирус