четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Ѓорѓиевски: Ваков хаос во општина Кисела Вода не се памети, буквално сме оставени сами на себе без било каква помош од локалните власти

Ѓорѓиевски: Ваков хаос во општина Кисела Вода не се памети, буквално сме оставени сами на себе без било каква помош од локалните власти

Почитувани мои сограѓани, жители на Кисела Вода… Ова е колаж од 40 слики со моменталната состојба на улиците низ Кисела Вода. И во Припор и во Усје и Пинтија, Црниче, Пржино, во 11 Октомври и Драчево, состојбите од сите населби во Кисела Вода. Насекаде е хаос, возилата се оставаат на 100-тина метри од домовите, тротоарите се затрупани, а улиците тешко проодни речиси секаде. Ваков хаос не се памети, ова никогаш небило. Ниту една машина, ниту една соларка нема на терен, а камо ли општинска екипа. Буквално сме оставени сами на себе, без било каква помош од локалните власти. Градоначалникот кој добро се адаптираше во комодитетот на власта веќе подолго време е надвор од Македонија, но во принцип и кога е тука исто ни се фаќа, напиша членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, рано утринава.

-Нашата партија 12 години ја водеше општината, имавме многу реализирани проекти, нормално и ние знаевме да згрешиме, да не ги исполниме сите очекувања на нашите сограѓани, многупати и да разочараме и јас за тоа на сите се извинувам иако директно не сум партиципирал во локалната самоуправа, но факт е и дека вака никогаш, никогаш небило. Никогаш нашите граѓани не биле оставени на ваков начин сами на себе, никогаш, никогаш никој не бил до овој степен незаинтересиран и индиферентен. Ова се најцрните години за нашата општина, години на безидејност, уназадување и очај. Каква централна, таква локална власт. Мораме заеднички час поскоро ова зло да го победиме.