среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 157
home Скопје

Ѓорѓиевски: Создаваме нова иднина за Кисела Вода, нови 3.500 паркинг места, Расадник со ново зеленило

Ѓорѓиевски: Создаваме нова иднина за Кисела Вода, нови 3.500 паркинг места, Расадник со ново зеленило

На мојата прва прес конференција во официјалниот дел од кампањата сакам да бидам краток, јасен и концизен, и да ставам акцент на два крупни проекти кои јас и мојот тим ќе ги реализираме. Односно два крупни проблеми кои ќе ги решиме како Општина за вас граѓаните на општина Кисела Вода, изјави денеска за медиумите, Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела Вода.

Тој вели дека наназад со години, Кисела Вода го губи аспектот за квалитетно урбано живеење поради прекумерното градење на згради, кое постојано си го зема својот данок низ Кисела Вода, за да сега нашите сограѓани имаат сериозен проблем со паркинг местата за своите автомобили.

– За тоа во консултација и со граѓаните на Кисела Вода, но и со тим на стручни лица, јас заедно со мојот тим како градоначалник имам сериозен план и проект и заедно со вас ќе го решиме проблемот со паркинг местата во Кисела Вода. Согласно проценките и потребите на вас граѓаните, ќе направиме нови 3.500 паркинг места кои ќе го решат проблемот со паркирањето на околу 2.500 домаќинства низ нашата општина. Според нашиот проект ќе направиме монтажни паркинзи, кои ќе ги интегрираме на локации каде е најпотребно сразмерно потребите на граѓаните, и со ова ќе почнеме да решаваме еден од клучните проблеми на сите наши сограѓани овде во Кисела Вода. Со ова, почитувани, сакам да ви гарантирам дека проблемот со паркинг местата за сите жители во Кисела Вода ќе биде сведен на минимум и повеќе нема да имате проблем и да кружите со часови, во доцните часови за да паркирате, посочи Ѓорѓиевски.

Тој го истакна и вториот и крупен проект кој ќе го реализир со својот тим, а тоа е меѓународниот конкурс за идејно решение за урбанизација на Расадникот во Кисела Вода или место познато како Расадник, место кое актуелната власт сакаше целосно да го бетонизира за провизии.

– Нас почитувани не ни се приоритет провизиите и не ни е приоритет да направиме хаос со 100-тина згради. Нам ни е приоритет рамномерен, плански и развој со многу зеленило. Бидејќи истото го ветуваме во нашата програма и се обврзуваме за тоа. Затоа Расадник ќе биде даден односно за Расадник ќе биде спроведен меѓународен конкурс каде што ќе можат и од земјава, но и од странство да конкурираат со проектно идејно решение и најдоброто решение ќе биде прифатено и ќе се реализира со нормален број на објекти и уште поголем број на паркови и зеленило како што и доликува на една општина како нашата Кисела Вода. Наместо бетонизација и силување за провизии, треба да направиме населба атрактивна за живеење, населба која ќе нуди хуман пристап и многу, многу зеленило, рече Ѓорѓиевски.

– На крајот од денот, јас не можам искрено да ги разберам како овие луѓе сакаат да направат целосна бетонизација и да изградат толку многу бетон, ако на крајот на денот ниту нивните, ниту нашите дечиња ќе немаат каде да се движат и каде да играат. Ова се само два крупни проекти кои ги најавувам сега и се обврзувам и гарантирам дека заедно со мојот тим ќе ги реализирам. Нам ни е потребно хуман однос од нашата Кисела Вода, а не силување и бетонизација како што имаме во моментот. Тоа силување и бетонизација е со цел да живеат само неколку луѓе околу градоначалникот, а сите останати граѓани да страдаат, заврши кандидат.

 

Најнови вести

Локални избори 2021