четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 177
home Скопје

Ѓорѓиевски: Надлежните институции да си ги санираат штетите, а тие што “стопиле” пари да си ги вратат во буџетот на граѓаните

Ѓорѓиевски: Надлежните институции да си ги санираат штетите, а тие што “стопиле” пари да си ги вратат во буџетот на граѓаните

Вака, почитувани, изгледа ул. Нагоричанска во Драчево после кратко врнење на дожд. Улица целосно реконструирана од страна на локалната самоуправа пред нешто повеќе од два месеци – ДВА МЕСЕЦИ, стои во Фејсбук статусот на Орце Ѓорѓиевски.

– Вака, почитувани мои сограѓани, се трошат нашите пари изминативе три години, на улици кои се со послаб квалитет и полошо се изведени после реконструкција, отколку пред реконструкцијата, улици со дебелина на асвалтот колку лист хартија, пишува тој.

– Повикувам надлежните институции да излезат на терен и да си ги санираат штетите, а тие што “стопиле” некој процент и пари од асвалтирањево да си ги вратат во буџетот на граѓаните и да сносат одговорност. Ова е срамота и непростливо во 21 век, вели Ѓорѓиевски.

Коронавирус