четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Скопје

Ѓорѓиевски: Ме казнија затоа што со боја обележав паркинг место за инвалиди, кое општината не го обележи цели три години

Ѓорѓиевски: Ме казнија затоа што со боја обележав паркинг место за инвалиди, кое општината не го обележи цели три години

Денеска ме казнија од општината на Филип Темелковски, затоа што сум обележал со боја паркинг место за инвалиди пред самата општина, паркинг место кое општината цели 3 години не го обележи не само тука, туку никаде во општината, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Знаете ли колку чини задоволството и рамноправноста на лицата со инвалидитет во Кисела Вода?

Само 3.000 денари.

Толку денеска ме казнија од општината на Филип Темелковски, затоа што сум обележал со боја паркинг место за инвалиди пред самата општина, паркинг место кое општината цели 3 години не го обележи не само тука, туку никаде во општината.

Епа почитувани сограѓани, за да видам задоволство, насмевки, а воедно и олеснување во секојдневието на живеење на лицата со инвалидитет, не само 3.000 денари казна, туку и 30.000 денари ако треба ќе платам.

Се надевам дека со париве од мојата казна ќе купат боја и ќе обележат нови паркинг места, вели во својата објава Ѓорѓиевски.

Коронавирус