понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 59
home Скопје

Ѓорѓиевски и амбaсадорката на ОН Дуџиак на трибина против насилство врз жените

Ѓорѓиевски и амбaсадорката на ОН Дуџиак на трибина против насилство врз жените

Панел дискусија на тема “Борба против насилство врз жените”, се одвиваше денес во Oпштина Кисела Вода. На настанот, покрај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој ја отвори дискусијата, присуствуваше Пoстојаниот претставник на Обединетите Нации во Македонија, Росана Дуџиак, која за прв пат прави посета во една од скопските општини.

Учество зедоа и претставници на NDI, од Националнатa мрежа против родово базирано и семејно насилство, како и повеќе советници од Советот на Општина Кисела Вода.

-Улогата на локалната самоуправа во справувањето ро родовото насилство, јас, како градоначалник, ја гледам во квантитативно и квалитативно зголемување на учеството на жените во општествениот живот, во промовирањето на еднакви можности за жените и мажите и нивната рамноправност во носењето на одлуки. Да создаваме еднакви услови и можности за личен развој на секој поединец. Неопходно е да се искорени подреденоста на жената во семјството и во системот во целост. Потребна е соработка меѓу институциите, со цел да се зајакне довербата во оние кои треба да реагираат и да го казнат насилникот. А со едукација треба да се почне уште од најмали нозе. Впрочем, затоа на оваа дебата се повикани и претставници од основните училишта. Децата треба да научат да го препознаваат насилството во домот, да се учат дека стравот, вината и срамот не се нормална емоција со која треба секојдневно да живеат. Да ги научиме дека животот треба да се живее, а не да се преживува. Ова ќе биде наша, заедничка борба-потенцираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во своето обраќање, заблагодарувајќи се на Постојаниот претставник на Обединетите Нации во Македонија, Росана Дуџиак и на NDI, кои овозможија Општина Кисела Вода да биде дел кампањата за актуелизација на проблемот со родовото насилство.

Амбасадорката на Обединетите Нации, Росана Дуџиак во својата дискусија ја потенцираше важноста на постоењето на законските рамки за промовирање на еднаквите можности за двата пола, за нултата толеранција за насилството, за начините за создавање на безбедна социјална средина и образовен систем кој ќе ги промовира овие вредности.

Своите видувања и размислувања за надминување на проблемот со родовото насилство, како панелисти дадоа и советничките од Советот на Општина Кисела Вода: Елизабета Стефковска, Татјана Нанкова, др. Светлана Колариќ, Емилија Трајковска, проектна координаторка од Национална мрежа против родово базирано насилство и семејно насилство, Ана Аврамоска Нушкова, како и виша менаџерка на програма од НДИ Александра Крстеска. Дискусијата ја модерираше поранешната советничка Весна Бошковска.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Постојаниот претставник на Обединетите Нации, Росана Дуџиак оваа прва средба ја искористија и да разменат мислења на повеќе други теми. Имено, амбасадорката се запозна со начинот на функционирањето на оваа локална самоуправа, а враќајќи се на денешниот настан, беше и информирана дека еднаквите можости и права во Општината се видливи и преку тоа што во Кисела Вода голем број од носителите на раководитните позиции се жени. Заеднички беше договорено дека оваа средба ќе биде прва од многуте кои ќе следат во периодот што доаѓа.

Коронавирус