петок, 25. септември 2020. Вести денес: 24
home Скопје

Ѓорчепетровци од утре со улични блокади

Ѓорчепетровци од утре со улични блокади

По неколку дневниот молк од страна на локалните власти во врска со планираната изградба на 17 катница во месноста Јурија, општина Ѓорче Петров, жителите на општината Ѓорче Петров повикуваат на протест и блокада која ќе се случува утре точно напладне.

Утре, сабота во 12 часот ќе се одржи мирен протест против изградбата на бетонски ѕид од 58 метри на месноста Јурија, кој ќе содржи 800 станови и над 3.000 нови жители.

Улицата Ѓорчепетровска ќе биде блокирана за сообраќај со цел подигање на свеста кај локалната самоуправа, за измена на овој катастрофален план кој ќе претставува канцер за Ѓорче Петров. Локалните жители велат дека со денови наназад очекувале одговор од градоначалникот или пак од општинската администрација, но од таму само молк. По ваквиот однос, решени се да се борат за своите граѓански права и токму затоа утре во знак на револт ќе одржат протест.

-Ние, граѓаните од Иницијативата против урбаното дивеење ги повикуваме сите граѓани, невладини и владини организации и сите оние кои ги тангира овој проблем да ни се приклучат, велат од Иницијативата.

Коронавирус