недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 92
home Скопје

ЃОРЧЕ ПРОТЕСТИРА: Да ставиме крај на тивкото умирање- да одбереме чиста животна средина!

ЃОРЧЕ ПРОТЕСТИРА: Да ставиме крај на тивкото умирање- да одбереме чиста животна средина!

Граѓаните на општина Ѓорче Петров ќе протестираат оваа сабота во 12 часот.

-ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ !

САБОТА, 07-МИ ДЕКЕМВРИ, 12 ЧАСОТ.
НА ВЛЕЗОТ НА ДЕПОНИЈАТА ОД СТРАНА НА НОВО СЕЛО ул. 5 (100 метри после ”Тројка”)

ДОСТА беше со труењето на нашите деца, на нас и на нашите најблиски !
На 21-ви ноември упативме јавен апел до надлежните институции да превземат мерки за расчистување на најголемиот проблем за загадувањето во Ѓорче Петров, депонијата во Ново Село, а добивме МОЛК.
На многупати медиумите известуваа, се пишуваше, а ништо не се превзема.
Ѓорче се гуши, на сите мерни показатели сме убедливо на врвот.
Оваа депонија, која е канцер на цела општина едноставно не престанува да продуцира загаденост. Мрша, полиестер, најлони, гуми, шут.
Се шири неподнослива смрдеа !

ЃОРЧЕ ПРОТЕСТИРА !

ПРОТЕСТОТ Е ОТВОРЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ !
Сите кои имаат проблем и заедничка идеја – ДА СЕ СПРЕЧИ ЗАГАДУВАЊЕТО !
ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ ГРАЃАНИ ДА НИ СЕ ПРИКЛУЧАТ !
ЈА ПОВИКУВАМЕ И ЗЕЛЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ДА НИ СЕ ПРИКЛУЧИ !

ДА СТАВИМЕ КРАЈ НА ТИВКОТО УМИРАЊЕ – ДА ОДБЕРЕМЕ ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА !