среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 124
home Скопје

Герила акција за Богдановиќ: „Кога градоначалникот не работи, младите работат“!

Герила акција за Богдановиќ: „Кога градоначалникот не работи, младите работат“!

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денес доби очигледна порака од своите сограѓани.

По многубројните критики, денес се случи и герила-акција, во која членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, одлучија да го сработат тоа што инаку е работа на градоначалникот.

На повеќе локации ширум општината осамна пораката „Кога градоначалникот не работи, младите работат“! Пораката беше испишана на даски, кои беа поставени на скршените клупи, кои Богдановиќ треба да ги санира.