петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 210
home Скопје

Георгиевски ветува модерни сообраќајни решенија за Илинден (ВИДЕО)

Георгиевски ветува модерни сообраќајни решенија за Илинден (ВИДЕО)

Реконструкција и рехабилитација на постоечката сообраќајна инфраструктура, како и воведување на нови сообраќајни решенија се од врвен приоритет на жителите на Општина Илинден.

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник Александар Георгиевски предвидени се многу решенија од оваа област каде со нивната реализација ќе се намали сообраќајниот метеж, ќе се подобри поврзаноста и мобилноста на жителите, и најважно од се, ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Еден од најважните проекти од областа на сообраќајната инфраструктура во програмата е реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци. Во насока на намалување на сообраќајниот метеж и зголемување на безбедноста во сообраќајот, во програмата се предвидува и изградба на повеќе клучни сообраќајници (кружни текови) на неколку локации.

Во програмата е предвидено асфалтирање на нови улици и патишта во сите населени места, како и одржување и реконструкција на постојната патна инфраструктура, која се протега на територија на Општина Илинден.

– Изградба на клучка кај Бунарџик и Миладиновци на државниот пат А2,на делница Илинден-Миладиновци е проект кој е од големо значење бидејќи со истиот ќе се овозможи побрз пристап на граѓаните од населените места Бунарџик и Јака, како и за правните субјекти од економските зони Марино- Кадино до автопатот А2 и до населените места во Општина Илинден. За пешаците и велосипедистите во наредните 4 години предвидени се изградба на голем број на пешачки и велосипедски патеки, со цел создавање на услови за поголема и побезбедна мобилност. Во оваа насока се предвидува и изградба на пешачки мостови (пешачки надвозници) во населба Илинден, како и помеѓу населбата Јака и улица 500 во Марино. Во програмата е предвидено и подобрување на состојбата со хоризонталната и вертикалната сигнализација на патиштата во општината, како и подобрувањето на условите на јавниот превоз во Илинден, преку подобрување на редовноста на автобусите и зголемување на бројот на автобуски станици, истакнува кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Илинден.

Коронавирус