вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 182
home Скопје

Георгиевски од Марино: Најважни проекти за општината се изградба на канализациона и водоводна мрежа како и рехабилитација на локалните патишта

Георгиевски од Марино: Најважни проекти за општината се изградба на канализациона и водоводна мрежа како и рехабилитација на локалните патишта

Кандидатот за градоначалник на општината Илинден од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Георгиевски денеска оствари средби со сограѓаните на Марино.

-Денеска остварив средби со моите сограѓани од Марино, каде им ја презентирав мојата изборна програма и визија за развој на општината.

Во мојата програма се предвидени голем број на проекти со кои ќе се подобри квалитетот на животот на моите сограѓани од Марино, а како најважни се изградбата на канализациони и водоводни системи, рехабилитација на локалните патишта и сообраќајници, изградба на пешачки мост и поврзување на населбата Јака и многу други.

Заедно со жителите на Марино ќе ја Создаваме новата иднина!

ПРОМЕНИ – ПРОЕКТИ – ПОБЕДИ!

#Илиндензасителуѓе #Македонијазасителуѓе #ЗаПодобарИлинден #СоздадиНоваИднина #ПромениПроектиПобеди, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Локални избори 2021