недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Скопје

Гаро Тавитјан Јуниор е за балансирано решение: „Универзална сала во ново руво со ист или малку проширен капацитет на иста локација“

Гаро Тавитјан Јуниор е за балансирано решение: „Универзална сала во ново руво со ист или малку проширен капацитет на иста локација“

Идејата за уривање на Универзална сала ја крена јавноста на нозе, го бунтуваше народот, па на неговите реакции на социјалните мрежи и написите во медиумите, нему му се приклучија и голем дел од актерите, музичките уметници, естрадните ѕвезди, културни работници, промотери, менаџери, лица од ивент индустријата… Скопскиот градоначалник Петре Шилегов под притисок на јавноста, се уплаши и преку ноќ се премисли, па ретерираше во ставот за уривање на Универзална сала на чије место градските власти предлагаа да никне некаков парк со летна сцена!?, пишува порталот Вистина.

Од одржаниот прес (среда, 29 јули 2020) наваму, паркот веќе никој не го споменува… Или не барем јавно.

Арно ама, по стариот добар обичај и „курнаска“ навика се што се’ што се турка на мала врата, најдобро се прави во неработен ден или за викенд, кога фреквенцијата е намалена, а луѓето се по викенди, за време на последниов викенд (08-09 август 2020, сабота-недела) токму пред платото на „Универзална сала“ среде бел ден, на очиглед на случајните минувачи и граѓаните кои живеат во околината се случи „еколошка кланица“.

„Се сечат елките стари 50 години во централното градско подрачје, конкретно пред Универзалната сала. Граѓаните кои тука живеат велат дека елките со години го краселе овој дел од градот. Си го поставуваат прашањето зошто се сечат елките, односно дали причината можеби се крие во најавите од градските власти поврзани со Универзалната сала, а кои предизвикаа бројни реакции во јавноста.

Имено, од кај градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов беше спомената можноста постоечката Универзална сала, во неможност да се рекенструира според стандардите, да се урне и да се изгради нова современа на друга локација, а на нејзино место да никне парк.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, ќе изјави дека оваа операција е организирана од Град Скопје“ – пишува порталот Фактор.мк, објавувајќи фотографии од исечените елки пред влезот на салата.

Во меѓувреме, најавениот собир со хепенинг за протест пред платото на „Универзална сала“ од кој граѓаните и јавно ќе му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска „лулка на културата“, тој „храм и светилиште на уметноста“ нема да дозволат да биде жртвуван заради политичките и личните бизнис интереси на урбаната мафија, поради временските непрелики, беше поместен за ВТОРНИК, 11-ти август 2020 год. со почеток во 20 часот.

Но, реакциите, мислењата и ставовите на познатите и признати македонски уметници кои ја преставувале земјава и надвор од нејзините граници, не стивнуваат. Едни од оние кои се своевидни „икони“ во македонската музичка култура воопшто, секако е музичкото семејство Тавитјан, на чело со легендарниот тапанар Гарабет Тавитјан и неговите синови Дики и Гаро јуниор, исто така врвни и истакнати македонски музичари, автори, продуценти.

Најмладиот од нив, Гаро Јуниор, во име на музичкото семејство Тавитјан со став за или против реновирање и реконструкција на истото место или уривање и дислокација на „Универзална сала“?

„Универзална сала е едно од културните обележја на Скопје, а и на Македонија. Тесно е поврзана со голем број музички случувања во изминативе неколку децении и како таква е во колективната меморија на граѓаните. Лично ние ја паметиме по концертите на Парамециум, концертот на годината на браќа Тавитјан во 2008 година, концертите на Леб и Сол, како и други неброени интернационални џез перформанси, музички награди и манифестации кои ги проследивме на таа локација. Ќе ни биде жал доколку таа сала не добие нов дизајн со истиот или малку проширен капацитет на истата локација со соодветен подземен паркинг и по можност интегриран зелен парк како балансирано решение. Инаку градот е дефицитарен со концертни сали од среден и голем капацитет решени со професионална акустика, така што уште една сала плус на друга локација секако ќе е добредојдена“ – вели Гаро Тавитјан јуниор во име на едно од најпознатите и најуспешни македонски музички семејства.

Решение кое во многушто наликува на веќе готовиот проект што бившиот градоначалник на Скопје, според многумина и најдобриот досега – Коце Трајановски, му го остави како готов проект во фиока на сегашниов, Петре Шилегов!

Извор: Вистина.ком.мк

Коронавирус