вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 176
home Скопје

Галески: Шилегов ќе го задолжи градот за нови 5 милиони евра, ребалансот е неразвоен и за создавање на лажна перцепција дека се работи нешто, кога не се работи ништо

Галески: Шилегов ќе го задолжи градот за нови 5 милиони евра, ребалансот е неразвоен и за создавање на лажна перцепција дека се работи нешто, кога не се работи ништо

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на градот Скопје, Луке Галески на денешната седница каде се дискутираше за ребаланс на градскиот буџет кажа дека истиот е неразвоен, популистички и во духот на изборите кои следат, создавајќи лажна перцепција дека се работи нешто, во ситуација кога не се работи ништо.

-Она што може да се забележи е тоа дека овој ребаланс на буџетот никако не може да се каже дека е развоен, туку пред се популистички, и воедно во духот на изборите кои следат. Во суштина е поттикнат од потребата да се направи некаково движење на работите кои беа ветени, а 4 години тапкаат во место. Ова е ребаланс за предизборна кампања, ребаланс кој треба да создаде лажна перцепција дека се работи нешто кога не се работи ништо, истакна Галески.

Тој додаде дека градот ќе се задолжи за над 5 милиони евра, кога не се знае каде се парите од 12 милиони евра од продадената градска куќа, и 2 милиони евра субвенции за загубите на градските претпријатија чија неспособност повторно ќе се финансира и покрива од градот.

-Она што може да се заклучи е дека градот не се откажува од задолжување, ќе се задолжи за нови 320 милиони денари, што е задолжување на скопјани за нови над 5 милиони евра. Притоа не е сосема јасно за какви точно нови капитални проекти се работи, во исто време кога се зголемува ставката за исплата на плати за администрација што значи две работи или дека се продолжува праксата на партиски вработувања пред избори или тоа се пари за К-15 што по 4 години заборав значи исто така чист популизам или лажна грижа. Од друга страна 2 милиони евра се даваат за субвенции на јавните претпријатија што значи дека ако не е градот нема како да функционираат истите и се работи за лошо менаџирање. До кога градот ќе ја покрива неспособноста на директорите на градските претпријатија, праша советникот Галески.

Тој посочи дека е забележително што за капитални инвестиции во животна средина нема никакви дополнителни инвестиции и зголемувањето е нула денари.

-Во 2018-та година градоначалникот кажа нема поголем приоритет од заштитата на животната средина. Еве гледаме тој е нула денари. Или за заштита на животна средина ќе зборат само кога треба да се земе од граѓаните со еколошка такса или зелен данок, а кога ќе треба да се даде повеќе за капитални инвестиции износот е нула, истакна Галески на денешната седница.

Локални избори 2021