среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Скопје

Фрчат казни од Град Скопје: За една недела отстранети 283 непрописно паркирани возила

Фрчат казни од Град Скопје: За една недела отстранети 283 непрописно паркирани возила

Во текот на изминатата недела (24.10 – 30.10.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 283 возила од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 43 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 240 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 514 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 43 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.