сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 92
home Скопје

ФОТО: Жена спасена од давење, драма во реката Вардар

На местото на настанот пристигнаа возила на Брза помош, на Противпожарната единица и на полиција.
ФОТО: Жена спасена од давење, драма во реката Вардар

Од водите на Вардар, во центарот на Скопје, две лица предмалку успеаја да спасат млада жена. При обидот за спасување жената и еден од спасувачите беа заглавени во цевките кои се гледаат во реката.

На местото на настанот пристигнаа возила на Брза помош, на Противпожарната единица и на полиција.

Пожарникарите прават обид да им помогнат на двајцата спасувачи и младата жена да ја поминат реката, бидејќи во моментов се наоѓаат на островче што е формирано во самата река.

 

Коронавирус