понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Скопје

ФОТО: Загаден воздух, ѓубре на сите страни во Хром, а општина Ѓорче Петров не презема ништо- На прав пат вака не се оди!

ФОТО: Загаден воздух, ѓубре на сите страни во Хром, а општина Ѓорче Петров не презема ништо- На прав пат вака не се оди!

Загаден воздух, загадена средина, ѓубре на сите страни низ цела населба, секојдневно труење, вдишување отрови, реагираат граѓаните од Хром и прашуваат до кога од општината Ѓорче Петров мислат да не преземат никакви мерки.

-Кога утрото по денот се познава загаден воздух, загадена средина ѓубре на сите страни низ цела населба Хром секој дневно труење вдишување отрови!!! Дали некој е свесен за оваа состојба со ѓубрето со воздухот??
До кога ќе се труеме до кога ќе има диви депонии палат каде стигнат општина Ѓорче не презема никакви мерки до кога мислат дека да не преземат мерки??
Ова веќе е алармантно го дистигнувате врвот на загаденост и ѓубриште!!!
Наместо да се ангажирате за корзо земете средете со воздухот и ѓубрето на корзо не се иде болен не гушите дали сте свесни ?? Ако сте неспособни повлечете се има способни луѓе што можат да се изборат за секој проблем на општината, доста е веќе лаги и манипулации со нас граѓаните!!!
На прав пат вака не се оди !!!!

Коронавирус