сабота, 25. мај 2019. Вести денес: 38
home Скопје

ФОТО: Во Бутел владее хаос, а градоначалникот си прави европска турнеа

ФОТО: Во Бутел владее хаос, а градоначалникот си прави европска турнеа

Додека во општината Бутел владее тотален сообраќаен хаос, градоначалникот Велимир Смилевски кафеаните ги замени со европски турнеи.

Имено на социјалната мрежа Фејсбук кружат фотографии како Смилевски со своите најблиски соработници се шета во некои европски држави и тоа гордо го покажуваат.

Жителите на општината максимално револтирани прашуваат дали Велимир Смилевски конечно ќе почне да работи нешто во корист на општината или својот 4 годишен мандат планира да го „преспие“.

Раскопани улици, сообраќајниот хаос, лошата инфраструктура е само дел од лошото работење на Смилевски.

Ветуваше живот за сите, ама донесе само хаос и разочарување за бутелчани, Велимир Смилевски ќе биде запаметен како најлош градоначалник на општина Бутел, велат бутелчани.

Дали Смилевски ќе бидел дел од „метлата“ на Заев останува да видиме.

 

ФОТО: Фејсбук