среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 184
home Скопје

ФОТО: Спорната градба во Пржино урна потпорен ѕид. жителите бараат одговорност од тие што одобриле изградбата

ФОТО: Спорната градба во Пржино урна потпорен ѕид. жителите бараат одговорност од тие што одобриле изградбата

Попладнево падна потпорен ѕид на куќа во Пржино во чие непосредно соседство се градат дури четири повеќекатници.

Како што пишуваше Слободен Печат, минатиот четврток граѓаните кои живеат во непосредна близина на градилиштето го блокираа приодот кон парцелата на која, според нив се градат премногу големи објекти кои според својот габарит не одговараат на локацијата, каде доминираат индивидуални куќи.

Тие напрвин со жив штит ги спречуваа багерите преку тесната слепа уличка да стигнат до локацијата каде што треба да се градат четири четирикатници, но потоа тие се пробија и почнаа со работа. За тоа беше искористена ситуацијата кога претставници на граѓаните отишле на претходно закажана средба со општинскиот градежен инспектор.

„Падна ѕидот во Пржино! Ова е втор ѕид што падна во Пржино! Браво градоначалник!“ се првите коментари за урнатиот ѕид во Пржино на социјалните мрежи.

Граѓаните бараат одговорност за загрозување на безбедноста на граѓаните и нивниот имот во Пржино и бараат премиерот Зоран Заев да ги повика на одговорност оние кој издале одобрение за градба на големи згради на толку мал и пренаселен простор.

ФОТО: slobodenpecat.mk

Коронавирус