сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 30
home Скопје

ФОТО: Силен ветар и паднати дрвја низ Скопје

ФОТО: Силен ветар и паднати дрвја низ Скопје

Силниот ветар кој беше најавуван, пристигна и во Скопје.

Освен правот кој ветерот безмилосно го разнесува, низ градот може да се забележат и паднати дрвја.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од паднати дрвја низ Скопје.

Ветер со брзина над 95 километри на час го зафати скопскиот, но и источниот дел од земјава. Од УХМР информираат дека силен ветер од северен правец ќе дува до крајот на денот. На моменти ќе надмине и над 95 километри на час.

Ветерот ќе продолжи да дува и во текот на утрешнит ден, но со посмален интензитет. Врнежи од дожд, како што информираат од УХМР, нема да има.

Коронавирус