сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 73
home Скопје

ФОТО: Шилегов го запусти кејот на Вардар

ФОТО: Шилегов го запусти кејот на Вардар

Kејот на реката Вардар  во Скопје на потегот кај градскиот парк е доведен во незавидна состојба и наместо омилено собиралиште за одмор и рекреација сега е срам на скопјани.

Независно што дел од политичките партии има различен поглед кон изградба на рекреативни објекти на кејот на реката Вардар, факт е дека огромен број на скопјани таму рекреираат од мај до октомври. Во изборната програма на Петре Шилегов стоеше дека силно ќе се залага за спортот и здравиот живот за скопјани, но за сега според очекувањата тоа остана само празно ветување.

Факт и е дека неколку лета наназад Скопје беше домаќин на силен меѓународен турнир во одбојка на песок, дали тоа ќе се случи и летово или според состојбата на спортските игралишта и реквизити спортот не е важен за градоначалникот на град Скопје.

Сите посетители на кејот на реката Вардар се сведоци како години наназад терените за одбојка на песок и за кошарка биле полни со рекреативци во секоја момент на денот и ноќта. За жал денес се сведоци дека тие игралишта поради негрижата на Шилегов се само тажна глетка на скопјани и неговите посетители.

Угостителкиот објект беше омилено катче на најмладите и честа станица за освежување на младите семејства на кејот, но и тој денес изгледа како одамна напуштено место.

Ниту кејот, гордоста на градот, омиленото собиралиште за рекреација на скопјани, не е среден, тревата не е искосена, од коритото на реката Вардар расте висока вегетација, од песокот на игралиштата расте трева, уништени се конструкциите на спортските реквизити.

Градоначалниче Шилегов, доста беа танцувања и концерти, фатете се за работа. Скопјани заслужуваат внимание.

Коронавирус