сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Скопје

ФОТО: Реконструираната улица во Кисела Вода за која граѓаните платија 5 милиони денари траеше 10 дена, денес е повторно раскопана

ФОТО: Реконструираната улица во Кисела Вода за која граѓаните платија 5 милиони денари траеше 10 дена, денес е повторно раскопана
Фејсбук

Точно десет дена граѓаните можеа да ја видат и да возат по реконструираната улица „Антон Попов“ која се наоѓа во Кисела Вода. Од денес истата е повторно раскопана. Станува збор за улицата која почнува од подвозникот кај Црниче до „Шампионче“, односно до почеток на улицата „Димо Хаџи Димов“.

Падна во вода соопштението на Град Скопје во кое се наведуваше дека реконструкцијата на улицата е дел од инфраструктурните проекти што ги реализира Градот со цел овозможување побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај. Од денес со повторното раскопување, сообраќајот ниту е побрз, ниту побезбеден.

ФОТО: Град Скопје

На 22-ри октомври (понеделник) Град Скопје ги информираше граѓаните дека викендот претходно завршила целосната реконструкција на улицата Антон Попов во Кисела Вода, која започнала минатиот месец.

Градот преку соопштението испратено до јавноста се пофали дека реконструкцијата на оваа улица опфатила поставување на нов асфалт, како и нивелирање на 37 постојни шахти и сливници. Но, очигледно нивелацијата траеше само 10 дена.

Граѓаните на социјалните мрежи се револтирани од ваквата состојба. Не веруваат дека и овој пат се ќе биде направено како што треба. Дополнителен проблем претставува и фактот што по оваа улица сообраќа и автобуската линија „24“ која ги поврзува Припор и Кисела Вода со Карпош. Од властите нема најавено пренасочување на сообраќајот, а движењето по оваа улица во вакви услови се одвива отежнато и потребна е крајна внимателност.

Инаку, улицата е во должина од  584 метри и за нејзината реконструкција од буџетот на Град Скопје се идзвоија 5,5 милиони денари.