среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 161
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Скопје

ФОТО: Пуштени во употреба сензорни соби во две училишта опремени преку соработка на Кисела Вода со “Биотек”

ФОТО: Пуштени во употреба сензорни соби во две училишта опремени преку соработка на Кисела Вода со “Биотек”

Пуштени се во функција двете сензорни соби кои ги опреми Општина Кисела Вода во соработка со “Биотек”. Со тоа, децата со посебни потреби во основните училишта “Кузман Шапкарев” и “Кузман Јосифовски Питу”, добија просторија која е прилагодена со реквизити, посебни материјали и сензорно осветлување, кое докажано има смирувачко дејство.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и управитеката на “Биотек ДОО”, Анкица Синадинова Базерко денес го посетија ООУ Кузман Шапкарев, каде од страна на м-р Анета Милошова, специјален едукатор и рехабилитатор, им беше презентиран методот на кој од сега ќе може да се работи со децата со попреченост. Нешто, кое досега се работело во нејзиниот кабинет и кое без соодветните реквизити, не можело во целост да одговори на потребите на дечињата.

-Со задоволство сакам да истакнам дека за само два месеци ја завршивме првата фаза од проектот за опремување на сите основни училишта со сензорни соби. Вакви простории кои целосно ги опремивме со реквизити, со сензорно осветлување, со материјали кои ги смируваат децата со попреченост, отворивме во две училишта, во ООУ “Кузман Шапкарев” во населбата Драчево, каде се наоѓаме денес, и во “Кузман Јосифовски Питу”. За една година дечињата со посебни потреби кои се вклучени во редовната настава ќе имаат ваков простор и во сите останати училишта на територија на општина Кисела Вода. Грижата за нив е континуирана, а ние како локална самоуправа, правиме се’ за нивен подобар и пред се’, еднаков третман и олеснување на процесот на образовна и социјална инклузија. Сакам да упатам голема благодарност до компанијата “Биотек”, која покажа што значи општествена одговорност и стана наш значаен партнер во реализирањето на проекти кои треба да го подигнат квалитетот на живот на лицата со посебни потреби-изјави градоначаникот Ѓорѓиевски, додавајќи дека проектот за реконструкција на ООУ “Кузман Јосифовски Питу”, каде е изградена втората сензорна соба е во напредна фаза и дека по завршувањето на градежните активности тоа ќе биде провото скопско основно училиште кое ќе биде целосно инклузивно.

– Водејќи се од грижата за лицата со посебни потреби и желбата да се обезбеди поубава иднина за сите деца, ја прифативме иницијативата на Општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за соработка од која денес гледаме убави резултати. Покажувањето на општествена одговорност, посебно во вакви проекти кои имаат висока, хумана цел, е една од премисите по кои функционира компанијата “Биотек”. Оттука, се надеваме дека и во иднина ќе имаме можност да помагаме и да бидеме дел од вакви убави и успешни приказни–изјави управитеката на “Биотек ДОО”, Анкица Синадинова Базерко.

Инаку, во ,,Кузман Шапкарев“, настава посетуваат 24 ученици со посебни потреби, а сензорната соба ќе ја користат и 8-те дечиња од подрачната единица на ОУРЦ “Д-р Златен Сремeц”. Во ООУ “Кузман Јосифовски Питу”, во редовниот наставен процес се вкучени 9 ученици со попреченост.

Коронавирус