петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Скопје

ФОТО: Преполни автобусите на ЈСП, власта освен што ограничува број на патници не го зголемува бројот на автобуси

ФОТО: Преполни автобусите на ЈСП, власта освен што ограничува број на патници не го зголемува бројот на автобуси

Преполни автобуси, со патници залепени едни до други кои што си дишат во врат е секојдневната слика во скопскиот јавен превоз.

И покрај тоа што Влада ги усвои новите мерки за заштита и против ширење на корона вирусот, кој зема огромен замав последниот период, автобусите на ЈСП Скопје продолжуваат да бидат потенцијално корона жариште. На социјални мрежи се почесто има реакции но и слики за реалната состојба о автобусите.

На социјалната мрежа Фејсбук, граѓанин го споделува своето искуство додека се возела со автобус број 50-ка, за кој вели дека бил преполн уште од првата станица во кој патниците стоеле залепени еден до друг.

-Вчера не успеав, денес да се осврнам. Се качувам јас, ова време, на 50-ка. Автобусот уште на првата постојка тутма, до Автокоманда не можеше да се мрдне, залепени еден на друг. Јсп орг*ја. Во Автокоманда се симнаа луѓе па искористив шанса да сликнам, стои во нејзиниот Фејсбук статус под кој е објавена и слика на која се гледа дека автобусот е преполн со патници.

Имено, ова не е единствен случај за преполни автобуси. Иста е сликата и во останатите градски линии особено во периодите кога граѓаните одат или се враќаат од работа.

Граѓаните велат дека на нив им е неопходен јавниот превоз и тој им е единствената опција за да стигнат до одредена локација и затоа дури иако им е загрозено здравјето тие се принудени да ги користат автобусите на ЈСП. Тие велат дека единствено решение за овој проблем би било да се зголеми бројот на автобуси.

И возачите на автобусите велат дека иако гледаат дека капацитетите на автобусите се преполните ние не можат и не смеат да им забранат на патниците да влезат во автобусите.

Во однос на преполните автобуси на ЈСП, вчера во телевизиско гостување на телевизија Алсат реагираше и професорот епидемиолог, Драган Даниловски. Тој запрашува дека освен што се редуцира бројот на патници, дали се зголемува бројот на автобуси? Потенцирајќи го како нешто што под итно треба да се направи.

-Има и еден друг момент. Се редуцира бројот на патници во автобусите на 50%, но јас не разбрав дека компензаторно ќе се зголеми бројот на автобуси…, истакна Даниловски, додавајќи дека со подзаконски акти мора да се допрецизира ова како и носењето маска на отворено, при што додаде дека не може некој да седи на клупа на Водно или покрај кеј и од него да се пара да носи маска.

Состојбата со корона вирусот во Македонија е алармантна. Секојдневно имаме пораст на бројот на заразени од неколку стотици лица и таа бројка веќе се накај 1000 нови дијагностицирани дневно. Болничките капацитети за прием на пациенти веќе се исполнети, а дневно имаме и по двоцифрени бројки на починати.

Коронавирус