петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Скопје

ФОТО: Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром оствари средба со жителите на Стар Аеродром- граѓаните се заборавени од Златко Марин

ФОТО: Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром оствари средба со жителите на Стар Аеродром- граѓаните се заборавени од Златко Марин

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром вчера имаше средба со жителите на Стар Аеродром.

-Вечерва имавме средба со жителите на Стар Аеродром.
Заедно со советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имавме можност да слушнеме од жителите на овој дел од општината дека истите се заборавени од #Марин, а се што беше ветено пред избори е една огромна лага.
Катастрофална инфраструктура, уништени улици, запуштени паркови, недоволен број на паркинг места, нередовно одржување на хигиената, оштетени игралишта, исклучено улично осветлување се само еден дел од проблемите со кои се соочуваат нашите сограѓани.
#Аеродром во никој случај не е #НаПравПат, крајно време е Марин и СДС да погледнат наоколу и да видат дека ни се распаѓа општината, стои во нивниот пост на Фејсбук.